Насловна / Архитектура / Како Кинезите го клонираа Шангај

Како Кинезите го клонираа Шангај

Технолошка компанија од Пекинг креирала виртуелен клон на најголемиот кинески град, кој е посовршен од оригиналот.

Покривајќи речиси 4.000 квадратни километри, со помош на Unreal Engine и податоци од сателити, беспилотни летала и сензори во вистинскиот Шангај, направена е дигитална реплика на градот која наскоро би можела да симулира настани од иднината со неверојатна прецизност.

1_resize

Шангај и клониран Шангај во Unreal Engine

Екстремниот раст на технологијата во последните децении има големо влијание врз тоа како ги обликуваме градовите. Соочени со бројни предизвици, како што се огромниот раст на населението, климатските промени, па и пандемии, градовите сега се повеќе се потпираат на дигиталните технологии за подобрување на услугите, подобро урбанистичко планирање како и за оптимизирање на зградите.

Но, „дигиталните близнаци“ ги подигнуваат работите на повисоко ниво.

Дигиталниот близнак е дигитална реплика на физичкиот ентитет кој меѓусебно комуницираат.  Овие модели се прецизни виртуелни прикази на физичките добра кои континуирано се ажурираат и можат да опфатат што било, од еден мал елемент на зграда до цел град.

2_resize

Шангај во Unreal Engine

Тоа е она што програмерите од компанијата 51World од Пекинг го прават со Шангај. Тимот со помош на Unreal Engine, креирал комплетен виртуелен модел на најголемиот кинески град – кој се простира на површина од над 3.750 квадратни километри. Иако нивото на детали варира во зависност од моделот, повеќе од 20 значајни објекти, вклучувајќи познати згради како што се Oriental Pearl и Шангајската кула, се креирани со посебно внимание.

Проекција на реалност

Нивната намера е да го претворат овој модел во дигитален близнак, односно виртуелен одраз на живиот град кој континуирано се ажурира во реално време додека собира податоци преку географскиот информативен систем (ГИС), сателити, беспилотни летала и други извори.

shanghai

вистинскиот Шангај

Ова може да му овозможи на корисникот далечинско управување со системите на зградите,  да го надгледува протокот на сообраќајот или да им покаже на граѓаните како ќе се однесува нов проект на дадена локација.

Со дигитални близнаци, дизајнерите можат да презентираат идеи во живо градско опкружување, пред да бидат изградени, а одлуки за, на пример, место на поставување на автобуската станица до големината на нова станбена населба, можат да се донесат знаејќи однапред какви ефекти ќе следат.

Како во видео игра

За да се оптимизира ефикасноста на рендерирањето во реално време, целата симулација на Шангај е поделена на сегменти од два квадратни километри. Објектите на кои им се приближувате се појавуваат подетално, покажувајќи рефлексии на околината, сенки на површините и реални ефекти на засенчување во зависност од временските услови. Отприлика како да играте Fortnite… кој исто така беше направено во Unreal Engine.

Погледнете како тоа изгледа

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top