Насловна / Арт и дизајн / Најстариот шампањ на светот ги претставува своите новитети (видео)

Најстариот шампањ на светот ги претставува своите новитети (видео)

Вашето омилено шише шампањ не треба да биде само луксузно и декадентно, туку и еколошко.

Со ова уверување се води реномираната марка шампањ, Ruinart. Продлабочувајќи ја својата цел за одржливост, овој бренд неодамна претстави амбалажа за шампањ Ruinart Blanc de Blancs NV champagne, која целосно може да се рециклира, создадена исклучиво од природни влакна.

1_resize

Подарок пакувањето го доби името Second Skin, а создадено е како дело на брендот Ruinart и нивната блиска соработка со Pusterla 1880 и James Cropper. Тие две години работеле на развој на овој новитет, кој е девет пати полесен од претходните подарок пакувања и се очекува да предизвика намалување на јаглеродот од 60 отсто.

2_resize

Новата техника на пакувањето користи целулозни влакна, кои се збогатени со природен метален оксид. Ексклузивното пакување доаѓа со копче за отворање, кое дополнително е акцентирано со втиснати детали.

3_resize

Покрај тоа, има исклучително елегантен изглед, додека е и водоотпорно и може да издржи со часови во кофа полна со мраз. Во моментов, овој шампањ може да се набави во британската стоковната куќа „Selfridges&Co“, неговата цена изнесува 69.99 фунти.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top