Насловна / Вести / Утре продолжуваат активностите под мотото „Го сакам ГТЦ“

Утре продолжуваат активностите под мотото „Го сакам ГТЦ“

sakam gtc

Организаторите на граѓанска иницијатива за зачувување на автентичноста на Градскиот трговски центар во Скопје (ГТЦ) утре, 4 декември, ќе одржат прес-конференција по повод продолжувањето на активностите под мотото „Го сакам ГТЦ“. Настанот ќе се одржи на платформата од ГТЦ кон паркот „Жена – борец“ (до споменикот на Славко Јаневски), со почеток во 12 часот.

Иницијативата планира голем протестен настан на 28 декември, а на новогодишното дружење ќе му претходат средби на волонтери и информативен штанд на плоштадот покрај ГТЦ. Првата поголема средба на волонтери ќе биде на 5 декември (петок), 2014 година, во Мобилната галерија во Паркот на Франкофонијата, од 18 часот.

Серијата настани во склоп на иницијативата „Го сакам ГТЦ“ започна во јуни 2013- како реакција на проектот за нова фасада и доградба на Градскиот трговски центар со кој целосно би се уништила препознатливата архитектура на објектот, како и неговата урбанистичка улога на „улица“ низ централното градско јадро.

Поттикнати од најавите за започнување на затворањето и преобликувањето на ГТЦ во февруари 2015 година, иницијативата „Го сакам ГТЦ“ продолжува низ различни форми на креативно изразување, јавно говорење и институционални реакции да го искажува својот став за зачувување на автентичноста на Градскиот трговски центар.

Испрати коментар

Scroll To Top