Насловна / Вести / Утре почнува МЕБЕЛ 2018

Утре почнува МЕБЕЛ 2018

Во организација на Скопски саем ќе се одржи 44. Меѓународен саем на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустрија на мебел – МЕБЕЛ 2018.
Саемската манифестација МЕБЕЛ 2018 за прв пат ќе се одржи на нова локација во комплексот на ВИП арената Борис Трајковски во периодот 9-14 октомври на вкупна површина од 8.000 м2.
На саемот директно ќе се претстават околу 70 изложувачи со повеќе од 150 брендови од Македонија и од регионот (Србија, Косово, Италија, Бугарија).
Работното време на саемот е од 10.00 до 20.00 часот.

меб

Испрати коментар

Scroll To Top