Насловна / Арт и дизајн / Арт-деко, чај, коктели, Тилда Свинтон…

Арт-деко, чај, коктели, Тилда Свинтон…

Чај, коктели, Тилда Свинтон… , комбинација што едноставно може само да се посака. За што станува збор? Всушност, овие денови во Лондон отворен е нов коктел бар, кој истовремено е чајџилница, но и читална – и се вика Teatulia. Но, приказната не завршува тука, бидејќи во фокусот овде се и книгите, односно мини библиотека која за почеток ја уредила и прилагодила познатата актерка Тилда Свинтон.коктел бар (6)

Кога велиме ја уредила, мислиме на изборот на книги кој со текот на времето ќе се менува во зависност од личноста која ќе добие шанса да направи нов избор на книги. А за првата верзија на библиотеката домаќините ја поканиле актерка која со задоволство прифатила. Покрај тоа што просторот е многу убаво украсен, елегантниот арт-деко е она што доминира во него, во својата понуда сопствениците ги нудат и најдобрите чаеви кои може да се пијат во текот на целиот ден читајќи било која книга, додека во вечерните часови истиот простор станува база за врвни коктели.коктел бар (5)

За просторот се заслужни ценетите Russell Sage Studios, и ако наскоро се најдете себе си во Лондон, не заборавајте да отидете до Teatuliа и да уживате на малку поинаков начин, се разбира, со чај и добра книга.коктел бар (1) коктел бар (2) коктел бар (3) коктел бар (4)

Испрати коментар

Scroll To Top