Насловна / Архитектура / Утре, „Активно кино за заедницата ДА ГО Задржиме Јавно!“

Утре, „Активно кино за заедницата ДА ГО Задржиме Јавно!“

Утре, 11 јули 2019 година, со почеток во 20 часот ќе се оддржи: – Дискусија со претставници на локална самоуправа, граѓански организации, индивидуални активисти и станари а потоа и музички перформанс со Мухамед Ибрахими, во дворот на Железничката зграда во Скопје.
Повод за настанот е и договорот за соработка помеѓу Општина Центар, Заедницата на станари во Железничка зграда и Факултет за работи што не се учат ( ФР~У). Договорот предвидува услови на користење и ставање во функција на киното во железничка зграда.

кино1
Говорници на настанот ќе бидат градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ, станарите од железника зграда, Слободан Кочевиќ и Томе Каревски како и граѓанските активисти Филип Јовановски, Симона Димковска и Марија Гелмановска (Здружение Културно Ехо) и новинарот и граѓански активист Бојан Шашевски(Радио Моф). Мухамед Ибрахими ќе има музички перформанс по завршувањето на дискусијата.
Целта на овој јавен настан е да се изработи мапа на проблеми со кои се соочуваат станарите од оваа зграда со цел појасно и фокусирано да се комуницира со надлежните околу нивното решавање, како потребна помош и вклучување на локалната заедница во решавање на состојбата со киното во железничка зграда.

кино

Настанот е дел од проектот „Активни простори на заедницата за граѓански промени“ кој го имплементира Факултет за работи што не се учат, а е поддржан од Проект на УСАИД за граѓанско учество.
Изминатава година во рамките на овој проект беа направени истражувања и анкети со станарите
со цел активно вклучување на локалната заедница.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top