Насловна / Архитектура / Утопистички павилјон

Утопистички павилјон

245982_1_600

Како дел од Интернационалното Биенале во Ротердам, холандското студио SeARCH ја дизајнирало ‘Yourtopia.’

Тревниот куполно обликуван павилјон, кој е сместен во музејскиот парк во Ротердам, е дизајниран како интерпретација на утопистички дом на 21 век. Не само што дизајнот се референцира на домородна архитектура, туку и целосно ја интегрира природата во себе.

Студиото предводено од Bjarne Mastenbroek имало за цел да направи едноставен, економски исплатлив, но истовремено и луксузен проект. Екстериерот на домот личи на тревен вештачки создаден рид, од каде посетителите влегуваат да ги купат своите билети за посета на тропоските растенија кои се изложуваат внатре. Во горната зона се наоѓа кружен светларник кој е единствениот извор на природна светлина. Mastenbroek прашува зашто ни се потребни прозорци во домот кога светларникот обезбедува доволно светлина, а истовремено небото станува фокус на вашиот поглед? Овој светларник обезбедува сенка и филтри за дождовница.

245982_9_600 245982_8_600 245982_7_600 245982_6_600 245982_5_600 245982_4_600 245982_3_600 245982_2_600

Испрати коментар

Scroll To Top