Насловна / Вести / Усвоена Стратегијата за нискојаглероден развој на Хрватска 2030 – 2050

Усвоена Стратегијата за нискојаглероден развој на Хрватска 2030 – 2050

Хрватска ја усвои Стратегијата за нискојаглероден тазвој за периодот до 2030 со визија до 2050 година. Главните цели на Нискојаглеродната стратегија вклучуваат постигнување на одржлив развој базиран на економија со ниско ниво на емисии и ефикасно искористување на ресурсите. Мерките се однесуваат на сите економски сектори – енергетика, сообраќај, индустрија, згради, управување со отпад, земјоделство, туризам и услуги. За постигнување на целите од поамбициозното сценарио кое предвидува намалување на емисиите од 80% до 2050 година во однос на 1990 година, постојат големи предизвици, но анализите покажуваат дека вложувањата и имплементацијата на мерките утврдени во Стратегијата ќе предизвикаат раст на сите макроекономски показатели во земјата. Истовремено, во изработка е и петгодишен Акциски план за имплементација на стратегијата, кој ќе вклучува мерки за постигнување на поголмо смалување на емисиите до 2030 година и постигнување на климатска неутралност до 2050 година. Преминот кон нискојаглеродна економија е можност за отворање на нови работни места, зголемување на сигурноста во снабдувањето со енергија и намалување на зависноста од увозот. Воедно, придонесува и за подобрување на квалитетот на воздухот.

LCS1

LCS2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top