Насловна / Вести / Усвоена ревидираната ЕУ Директива за енергетски карактеристики на згради

Усвоена ревидираната ЕУ Директива за енергетски карактеристики на згради

Советот на Европската Унија ја донесе Ревидираната Директива за енергетски карактеристики на згради, EPBD (Energy Performance Building Directive), и со тоа ја доврши последната фаза на законодавната постапка. Со оваа Директива се подобрува енергетската ефикасност на зградите и се поттикнува нивната реконструкција, а еден од нејзините долгорочни цели е декарбонизација на постоечкиот неефикасен фонд на згради во Европа. Исто така, се воведува индикатор за подготвеноста за паметни техники во објектите, се поедноставуваат прегледите на системите з агреење и климатизација, и се промовира електромобилноста, преку воспоставување на паркинг места за електрични возила.
Со усвојувањето на овој документ, се менува Директивата 2010/31ЕУ за енергетска ефикасност на зградите, и се надополнуваат мерките во рамките на Директивата 2012/27/ЕУ.
Директивата ќе стапи на сила дваесет дена по службеното објавување од страна на ЕУ, додека периодот за нејзино транспонирање во националните законодавства ќе изнесува 20 месеци.
EPBD 1
EPBD2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top