Насловна / Вести / Уривање на запуштени и диви трафики во Центар

Уривање на запуштени и диви трафики во Центар

urivanje na divi trafiki vo centar_2

Општина Центар ја почна акцијата за регулирање на статусот на привремените објекти со уривање на запуштените трафики кај студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“. Овие трафики беа на листата на објекти кои немаат сопственици, ниту уредна документација. На нивно место, како што најавија од Центар, ќе се направи тревник, а просторот ќе се украси и со цвеќиња.

urivanje na divi trafiki vo centar_1
Во текот на следната недела, пак, ќе продолжи уривањето на уште десетина киосци чии сопственици и по неодамнешниот апел на општинарите, не се пријавиле да ја регулираат потребната документација. Засега, извесно е дека ќе се отстранат неколку трафики во околината на ТЦ „Буњаковец“, во Дебар Маало и Капиштец.
Општинарите информираат дека уште извесен период ќе бидат достапни за сите заинтересирани лица, сопственици на киосци да достават комплетна документација со која ќе докажат дека имаат соодветна дозвола за работа.

Испрати коментар

Scroll To Top