Насловна / Вести / Уреди за комплетна регулација во вашиот дом

Уреди за комплетна регулација во вашиот дом

regulatorni uredi za domakj.1
Со преземањето на компанијата Nest, позната по производство на регулациони уреди за домаќинствата кои може да се контролираат преку паметните телефони, Google станува сериозен играч во областа на енергетската ефикасност. Неодамна на пазарот е претставена и понудата од сет паметни термостати.

regulatorni uredi za domakj.
Термостатите Nest ги учат навиките на членовите на семејството на дневна основа и на тој начин ја програмираат температурата во просторијата во наредниот период, со што се овозможуваат идеални услови на комфор и истовремено заштеда на енергија.

regulatorni uredi za domakjinstvo
Според зборовите на експертите од оваа компанија, во иднина термостатите ќе може да бидат поврзани со машините за перење и сушење алишта, осветлувањето, како и дополнителни функции за сигнализација кога нивото на јаглерод диоксид во просторијата е покачено. Освен тоа, термостатите ќе можат да ги регулираат и противпожарните системи.

Испрати коментар

Scroll To Top