Насловна / Вести / Урбанистичкиот план за 11 Октомври ги исече дрвата за да пораснат згради

Урбанистичкиот план за 11 Октомври ги исече дрвата за да пораснат згради

За случајот со 11 Октомври-бараки, веќе во неколку наврати информиравме и алармиравме, велат од порталот МАРХ, со цел да се спречи влегувањето на урбаното дивеење кое изостана во овој дел од градот низ сиве овие децении на деструкција врз Скопје.
Но, од ова лето тоа конечно успеа да ги помине сите легални процедури, каде од зеленило, низ процес на чудниот закон за денационализација, група сопственици докажаа право на сопственост и го трансформираа просторот во градежно земјиште.
Имено се работи за паркчето во населбата, кое е централно позиционирано. До пред некоја година истото можеше да се увиди и во урбанистичките планови.

2

пред

3

потоа

Со последниот урбанистички план, во неговата површина се внесени следниве „маркици“ (површини за градење):
– Станбен објект со височина од 23,50 м и П+6+Пк на местото на старото игралиште, меѓувремено користено како неформален паркинг;

4

@Google Earth/ Street view

– Станбен објект со со височина од 23,50 м и П+6+Пк, на местото на месната заедница

5

@Google Earth/ Street view

– Паркинг простор долж улицата Ефтим Спространов, со кој се уништува дрворедот кој во суштина претставува и најголемата концетрација на вертикално зеленило.

6

@Google Earth/ Street view

Деновиве започна сечата на дрва и оградување на просторот за интервенција.

7
Во некое паметно општество, на просторот на руинираното игралиште, ќе се направеше проширување на тревната површина со рекреативни содржини, но….

8

како можеше

Автор: Филип КОНЕСКИ, дипл.инж.арх.
Извор: МАРХ

19

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top