Насловна / Архитектура / Капиштец доби ново Основно општинско училиште

Капиштец доби ново Основно општинско училиште

Новото Основно општинско училиште „Киро Глигоров“ во населбата Капиштец денес широко ги отвори вратите за првите ученици.
Капацитетот на Основното општинско училиштето (ООУ) е 500 ученици кои ќе се школуваат во основното образование од својата шеста година, започнувајќи со подготвителна настава па сè до завршување на основното образование.

IMG_20190823_120751

Училиштето е проектирано и изведено согласно проектната програма усогласена со новите наставни програми за деветолетка.
Локацијата на ООУ е на аголот помеѓу улиците „Васил Ѓоргов“ и „Адам Мицкиевиќ“ и е градежна парцела со површина од 10.600 квадратни метри.

IMG_2365
Нето-површината на објектот изнесува 8.130,00 квадратни метри, а подрумскиот дел е со површина од 3.755,76 квадратни метри.
Има 21 училници и 7 кабинети за подготвителна настава. ООУ ги содржи и сите други простории потребни за одвивање на наставата во основното образование деветолетка, како централна аула за одржување заеднички настани во училиштето, библиотека, менза со дистрибутивна кујна, простории за наставниот кадар, сала за групни спортови, мала сала за гимнастика и други помошни простории.
Во училиштето е сместен и дневен центар за деца со церебрална парализа на површина од 304,00 квадратни метри, изграден согласно стандардите и барањата за деца кои припаѓаат на оваа категорија.

IMG_20190904_113612

IMG_20190904_113818
Во ООУ внимателно се бирани сите вградени градежни материјали и опрема, особено има вградено многу еколошки градежни материјали кои ќе придонесат просторот да биде многу попријатен за престој и одвивање на наставата. Посветено е внимание и на енергетската ефикасност на објектот со што во иднина, при користење ќе се намали потрошувачката на електрична енергија.

IMG_20190903_101620

IMG_20190903_101448
ООУ е проектирано и градено по најнови и највисоки стандарди и во училиштето се вградени материјали коишто се сертифицирани од ЕУ-државите, од САД и од домашни компании.
Ова е моментално најсовременото и најдобро опремено основно училиште во градот Скопје.

фото: КИРО ПОПОВ

Еден коментар

  1. Imeto na architektot na ovoj objekt, totalno ne e relevantno da se spomenuva spored vas!

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top