Насловна / Вести / „Уметноста на неуспехот: афективни странци“ во Мала станица

„Уметноста на неуспехот: афективни странци“ во Мала станица

umetnost-na-neuspehot1

Вечер (9.12.2014) во мултимедијалниот центар Мала станица ќе биде отворена изложба „Уметноста на неуспехот: афективни странци“. Изложбата е во организација на Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.
Се работи за групна изложба која ангажира дел од најзначајните македонски современи уметници, со цел да ги истражат, проблематизираат и преосмислат потенцијалите за продукција на алтернативни и нехегемонски социјални и културни светови. Учествуваат уметниците Велимир Жерновски, Христина Иваноска, Ѓорѓе Јовановиќ, Нада Прља, Јане Чаловски, Неда Фирфова. Куратор е Славчо Димитров.
Изложбата ќе биде проследена со публикација во која ќе бидат застапени преводи на некои од најзначајните текстови во областа на родовите и квир теориите. Публикацијата ќе биде промовирана на 20 декември.

Испрати коментар

Scroll To Top