Насловна / Арт и дизајн / Уметникот Аи Веивеи ќе изгради стотици огради низ Њујорк

Уметникот Аи Веивеи ќе изгради стотици огради низ Њујорк

Признатиот кинескиот уметник Аи Веивеи, во рамките на својот најнов проект ќе изгради стотици огради и инсталации низ Њујорк. Се работи за инсталација наречена Good Fences Make Good Neighbors.

Во овој контекст ќе има десетина централни дела, како и помали работи кои ќе можат да се најдат во разни квартови, кои ќе бидат поставени на локации во Менхетен, Квинс и Бруклин.аивеивеи

Ова ќе биде, исто така, и досега најголем проект во јавен простор, и еден вид на авторски став за сите изразени актуелни национализми, како и се поголемиот број на затворени граници за мигранти, бегалци, жртви на војната и глобализацијата.

Инсталацијата ќе биде поставена на 12 октомври оваа година и ќе трае до 11 февруари 2018 година.

Испрати коментар

Scroll To Top