Насловна / Вести / Улиците на Њујорк, градот кој никогаш не спие се празни (фото)

Улиците на Њујорк, градот кој никогаш не спие се празни (фото)

Градот Њујорк е новиот епицентар на зараза од коронавирус, бидејќи тука е регистрирана третина од позитивните во САД, а вирусот од кој ширум светот починаа повеќе од  16.500 луѓе се шири пет пати побрзо одошто во другите делови на земјата.

Еден од илјади жители на пошироката територија на градот веќе е заразен, изјавила координаторката на Работната група за борба против коронавирусот, др. Дебора Брикс.

Густината на населението е еден од најголемите проблеми на градот во овој момент, пишува  „Њујорк тајмс“, додавајќи дека во Њујорк, веќе сега процентот на заразени е поголем од оној во Италија.

Една од главните причини е градскиот превоз и гужвите во него, исклучително многу посетените јавни паркови и зградите кои изгледаат како кошници.

Гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо им наредил на болниците да го зголемат капацитетот за прием на заразените за 50 отсто.

Само во понеделникот пријавени се нови 5.000 случаи, а бројот на заразените е подигнат на  21.689 во поширокиот регион, дека во самиот град заразени се 13.119.

Градоначелник Бил де Блазио ги затвори училиштата во Њујорк на 15. март, дури после големи притисоци.

Засега нема ограничување на движењето, но на сите им се советува да останат дома.

Рестораните и баровите не примаат гости, туку само доставуваат храна.

И покрај тоа што нема официјална забрана на движење, градот кој никогаш не спие и каде секогаш има гужва на улиците сега е сабласно празен.

7 6 2 3 4 9 1 10 12 16 13 15

Испрати коментар

Scroll To Top