Насловна / Вести / Проектите за нови соларни електрани во целиот свет, во застој поради пандемијата

Проектите за нови соларни електрани во целиот свет, во застој поради пандемијата

Брзото ширење на COVID-19 ја парализира глобалната економија, а пазарот на фотоволтаични ќелии не е исклучок. Според експертите, проектите од областа на соларните електрани серизоно ќе бидат во стагнација поради пореметувањето во синџирот ан снабдување, па оваа година за прв пат ќе се забележи пад во вредноста ан новоинсталираните капацитети. Имено, средишна точка за оваа технологија досега беше Кина, најважната производна сила во областа ан фотоволтаиците. Но, затоите на пгоните во Вухан, и други кинески градови, сериозно ја погодуваат оваа индустрија на светско ниво. Истражувачите направиле ревизија на проекциите з араст на новите капацитети во фотоволтаици оваа година на ранг од 108 до 143GW, што е значаен пад, и прв од осумдесетите години на минатиот век.

Последните информации говорат дека во Кина започнува рехабилитација на производството, но сега фокусот е преместен на предизвиците во новите жаришта на пандемијата во Европа. Од друга страна пак, новите капацитети во ветерни електрани и натаму се на пат да достигнат рекорд во 2020 година, иако е сосема извесно дека нема да се исполнат зацртаните цели.

Доцнењата во испораките го покренуваат прашањето за активирање на алтернативни производни локации наместо Кина. Аналитичарите не ја исклучуваат оваа можност алудирајќеи првенствено на Виетнам, Малезија, Тајланд и Камбоџа.

pvforecasts1

PVforecasts2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top