Насловна / Арт и дизајн / Улично осветлување направено од машини за перење

Улично осветлување направено од машини за перење

Кој вели дека старата машина за перење е само за во депонија? Погледнете како овој корисен предмет е искористен во центарот на еден португалски град.osvetluvanje od masini za perenje (5)

Машините за перење, односно нивните „барабани“ послужиле за да се направи улично осветлување за претстојниот фестивал „Сан Педро“ во португалскиот град Камара де Лобос.

Проектот со наслов „Сон на летната ноќ“ има за цел да ја разбуди еколошката свест за животната средина и да ги поттикне луѓето за повторна употреба на веќе користени производи и материјали.

Автор на проектот е „Театро Метафора“, млада непрофитна организација, формирана од страна на група пријатели, чија основна цел е преку визуелниот аспект да се поттикне зачувувањето на животната средина.osvetluvanje od masini za perenje (4)

Првичниот план бил улицата да се осветли, а исто така и украси, со 100 „барабани“ од машини за перење, пронајдени на отпад.

Меѓутоа, кога чуле за идејата на проектот, луѓето почнале сами да донираат машини за перење, па така инсталацијата на ова интересно осветлување содржи вкупно 133 „барабани“.

osvetluvanje od masini za perenje (3)

Било потребно шест месеци работа и заедничка соработка меѓу групата волонтери и градските власти за да се спроведе проектот „Сон на летната ноќ“, пишува Kickerdaily.osvetluvanje od masini za perenje (1)

Преку проектот „Сон на летната ноќ“ се покажа дека со малку креативност и многу волја од нешто што изгледа целосно неупотребливо, може да се создаде нешто магично во коешто ќе ужива цел град.osvetluvanje od masini za perenje (2)

Испрати коментар

Scroll To Top