Насловна / Вести / Украдени реквизитите од паркот за миленици во паркот „Борис Трајковски“

Украдени реквизитите од паркот за миленици во паркот „Борис Трајковски“

ukradeni rekviziti

Само половина година откако беше отворен паркот за миленици во рамките на паркот „Борис Трајковски“ во населбата Ченто во Гази Баба, а речиси сите реквизити за разонода на домашните миленичиња се украдени, пишува Вечер.
На отворањето овој парк имаше пречки за прескокнување, справи за искачување на милениците, рампи за претрчување, канали за протнување, како и клупи за граѓаните.
По шест месеци може да се види дека на кучињата им останале само рампата за претрчување и дел од справата за качување. Ги нема клупите за седење, ниту пак пречките за прескокнување. Крадците однеле се што можеле да земат, а вандали ги уништиле останатите справи.

Испрати коментар

Scroll To Top