Насловна / Вести / Училиштето „Живко Брајковски“ ќе добие современ лик

Училиштето „Живко Брајковски“ ќе добие современ лик

skolo vo butel brajovski_resize

Основното училиште „Живко Брајковски“ во општина Бутел со средства од Владата обезбедени преку проект од Светска банка ќе добие нов современ лик. Договорот за финансирање на втората фаза во износ од 73 милиони денари го потпишаа денеска вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески и градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски.
„Инвестициите во образованието се најдобри и најсигурни инвестиции во иднината на младите луѓе и со потпишувањето на овој Договор ќе овозможиме општина Бутел да добие едно ново, модерно, ефикасно училиште во кое ќе се создадат услови за во една смета да учат децата и да се подобрат условите и за учениците и за просветните работници“, изјави вицепремиерот Ставрески.
Според градоначалникот на Општината, по 50 години навистина е задоволство да се гради објект што ќе го користат идните генерации. – Педесет години не е инвестирано, не е направено ново училиште во Општината Бутел. Училиштето се гради на 5 илјади метри квадратни површина. Со својата внатрешна структура ќе овозможи учениците да учат во една смена, рече Латиновски и додаде дека во училиштето ќе бидат запазени сите стандарди, ќе се воведе енергетска ефиканост.
Се очекува училиштето да биде пуштено во употреба до средината на следната година.

Испрати коментар

Scroll To Top