Насловна / Архитектура / Училиште во кое и просторот е учител (видео)

Училиште во кое и просторот е учител (видео)

Еден од најголемите играчи во светот на архитектурата, реализирал проект кој е нешто потполно различно од она на што досега сме навикнале.
Во соработка на компанијата We Work, која обликува современи деловни простори за заедничка работа, Bjarke Ingels Grup реализираше училиште во срцето на Њујорк, чив дизајн ги мотивира учениците вредно да учат – и тоа низ игра.

1
Во моментов училиштето We Grow го посетуваат децата на вработените во компанија WeWork. Училиштето е сместено во големото седиште на оваа компанија во црцето на Менхетн.

2
We Grow наменето е за ученици на возраст помеѓу три и девет години и во потполност е прилагодено на нивните потреби. Ентериерот на училиштето е исполнет со уникатни, воглавном овални и модуларни предмети кои делуваат нежно и разиграно.

5

3
Училишниот мебел е инспириран од објекти од природата, направен е од внимателно одбрани материјали како дрво, додека од боите преовладуваат пастелни тонови и сите нијанси на зелена. Во една просторија се наоѓа и зелен ѕид богат со различни растенија.

4

Природно образование

Како што пишува Inhabitat, целиот простор е така проектиран за да потикне „природно образование“, промовирајќи активности насочени кон откривање и соработка, по што и се разликува од пристапот во класичните училишта.

7
„Испреплетувајќи го просторот за учење со оној предвиден за игра и забава, училишното опкружување станува трет учител кој ослободува голема сила кај секое дете“, порачуваат од BIG.
Во ентериерот се користени исклучиво природни и еколошки материјали кои заедно со заоблените површини обезбедуваат безбедно учење и престој на децата.

6

12

9 10 11

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top