Насловна / Архитектура / Монтажна бетонска кула на ОМА во Стокхолм

Монтажна бетонска кула на ОМА во Стокхолм

ОМА ја комплетираше „Innovationen Tower“, првата од двете кули кои се дел од комплексот „Norra Tornen“ во Стокхолм, Шведска.

1

Со висина од 125 метри е највисоката станбена кула во шведскиот главен град, првата од двете што е градена со модуларен, монтажен систем на ребрасти бетонски плочи, оддавајќи почит на брутализмот. Компелсот од кули „Norra Tornen“ е сместен на две мали парцели од само 660 и 575 квадратни метри.

20

Објектите ги проектирал тимот на ОМА предводен од Reinier de Graaf, кој вели дека овие објекти претставуваат пресвртница во монтажната станбена изградба.

7

10
Компанијата Oscar Properties го купила земјиштето од градот Сткхолм во 2013. година, а ОМА го прилагодила предходно замислениот проект на градскиот архитект на Стoкхолм, Aleksander Wolodarsk, кој е откажан, но концептуалните остатоци од овој проект се почетна точка за дефинирање на „Norra Tornen“, концепт од две кули „Innovationen Tower“ и „Helix“.

14
Кулата „Innovationen Tower“ која беше инагуирана на 8 ноември се состои од 182 станбени единици, од еднособни станови со површина 44 квадратни метри, до пентахус 271 квадратен метар. Во кулата има и кино сала, апартман за гости, теретана, сауна и продавници и сервисни објекти лоцирани во приземјето. Становите се со високи плафони и големи прозори (од под до плафон), бидејќи во Шведска дневната светлина е достапна пола година, проектантите се одлучиле за што поголеми стаклени површини.

12

15
„Овој проект всушност претставува кулминација на континуираниот напор на нашето биро да се создаде нова генерација на модерни типови на станбени единици. Кулите близначки генерално се монументална типологија, но мислам дека овде има одредено количество традиција. „Norra Tornen“ е индустриски висок пораст, но се обидува да има човечко лице. Креирани се најголем број можни варијанти на станови од ограничен број монтажни елементи”, изјави de Graaf на инаугурацијата на зградата.

9
Наизменично испуштени прозори, вградени тераси и фасада од ребраст бетон, прошаран со чакал во различни бои, само се некои од елементите на бруталистичката архитектура додава.

21
Модуларниот систем од монтажни бетонски панели на компанијата ОМА, овозможил изградба и кога температурите паѓале под минус пет степени Целзијус.

8
Другата кула „Helix“ која ќе биде висока 110 метри и ќе содржи 138 станбени единици, треба да биде завршена во текот на 2019. година.

6

22

3

13

18

27

19

17

5

16

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top