Насловна / Вести / Кина ја сече втората најголема прашума во светот, за производство на ефтин мебел за САД

Кина ја сече втората најголема прашума во светот, за производство на ефтин мебел за САД

Втората најголема прашума на светот, во Централна Африка, во басенот на Конго, исчезнува со загрижувачко темпо, и покрај законите за заштита на шумите. Новото истражување на Универзитетот во калифорнија, покажува дека за тоа се одговорни Кина и САД. Имено, Кина го удвоила увозот на дрво од Африка, додека најголем дел од ефтиниот мебел кој Кина го произведува, се извезува во САД. Познато е дека американските потрошувачи имаат големи апетити, но колкава е штетата по  животна средина? Неодамнешните најави на новиот претседател на Бразил, за одобрување на експлоатација на Амазон за земјоделски цели, ја разбрануваа јавноста. Целата планета зависи од овие две прашуми, бидејќи тие апсорбираат најголем количина на јаглерод диоксид. Од друга страна пак, последниот извештај на Агенцијата за истражување за животната средина во Лондон, открива дека кинеските компании играат голема улога во илегалната индустрија на сеча на шумите, која е вредна околу 30 милијарди УСД.

Многу развиени земји, а особено земјите од ЕУ, ги менуваат своите закони за да ја забранат илегалната сеча на шумите. На пример, во 2013 година, ЕУ воведе обврска за увозниците да го потврдат потеклото на дрвото, за да се осигураат дека не увезуваат дрво чија сеча е штетна за животната средина. Овој потег ја успорил експлоатацијата на Конго басенот, но Кина набрзо нашла начин да го пренасочи извозот кон САД. Анализите на Гринпис покажуваат дека годишно се сечат околу 3 милиони кубни метри дрва во басенот Конго, а најголем дел од таа количина е исечена илегално.

deforestation1

deforestation2

deforestation3

deforestation4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top