Насловна / Архитектура / Куќа во Полска со подвижна тераса (видео)

Куќа во Полска со подвижна тераса (видео)

Quadrant House, куќата од 558 квадратни метри во Полска е проект на полското архитектонско биро KWK Promes, кое може да се пофали со имтересни проекти. Овој интересен проект им овозможува на сопствениците да ја движат терасата, т.е. да ја постават пред просторија која сакаат да ја заштитат од сонце или пак да ја преместата за да овозможат поголемо продирање на светлината.

9
Системот за движење на тераста го изработила фирмата „Comstal”. Системот вклучува специјални шарки и шини по кои се ротира терасата, потполно е автоматизиран, но може и рачно да се контролира. Опремен е со сигурносни сензори кои го сопираат движењето доколку терасата наиде на препреки. Предвидени се и сензори кои реагираат на движењето на сонцето, а терасата е опремена и со жалузини кои пружаат дополнителна заштита од ниско сонце.

5
Quadrant House е објект составен од два волумена поставени под агол од 90 степени, кои формираат приватен простор во дворот, заштитен од погледите од улицата. Сопствениците исклучително ја ценат приватноста, па така не постои ниту еден прозор поставен на страната на куќата која е кон улицата.

2
Сопствениците преферирале рамен кров, но морале да се почитуваат законските регулативи. Па така како резултат на ова едниот волумен на куќата е со рамен кров, а другиот со двоводен кров кога се гледа од улицата, а гледано од градината делува рамен, токму онака како што им се допаѓа на сопствениците.

6
Куќата е добитник на специјална награда Аrchitizer A+Awards 2019.

7

к1

3

4

KWKPromes_Bruzdowa95c/JKS

KWKPromes_Bruzdowa95c/JKS

Испрати коментар

Scroll To Top