Насловна / Вести / „Турскиот поток“ ќе оди по трасата на „Јужен поток“

„Турскиот поток“ ќе оди по трасата на „Јужен поток“

South Stream Offshore Pipeline - Turkish Sector

Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ реши да го прифати барањето на партенрите од Турција за изградба на гасоводот „Турски поток“ по трасата што беше предвидена за проектот „Јужен поток“, објави „Рускаја газета“.

Весникот потестува дека според планот, гасоводот „Турски поток“ би требало да биде завршен до 2020 година, од кога „Гаспром“ планира да запре со дистирбуцијата на гас преку територијата на Украина.

„Турскиот поток“ треба да има капацитет од 63 милијарди метри кубни гас годишно и преку него ќе се транспортира „синото гориво“ од Русија за Турција.

Со измените во планот за негова изградба, „Турски поток“ во должина од 660 километри по дното на Црно Море ќе оди по трасата што беше предвидена за „Јужен поток“, а ќе бидат изградени уште 250 километри дополнителен коридор кон европскиот дел на Турција, речиси до границите со Бугарија и Грција.

Според руските енергетски експерти, „Гаспром“ бил принуден да излезе во пресрет на барањата на турските компани, иако првобитната идеја на компанијата беше „Турски поток“ да оди паралелно со гасоводот „Син поток“, што би било поевтина варијанта за неа.

Морската делница од „Турски поток“ ќе ја гради самостојно „Гаспром“, додека во изградбата на копнената траса ќе учествува и турската компанија „Ботас“.

Засега сè уште не е постигнат договор за цената на гасот што ќе се дострибуира преку „Турскиот поток“, бидејќи Турција бара пониски цени за 15 проценти од пазарните, што претставува значително голем попуст.

Испрати коментар

Scroll To Top