Насловна / Вести / Турска компанија ќе гради тунел низ Алпите

Турска компанија ќе гради тунел низ Алпите

Турската градежна фирма Cengiz победи на тендерот за изградба на тунел на автопатот што чини 98 милиони евра, а што ги поврзува Словенија и Австрија на Алпите. Cengiz Insaat најави дека ќе изгради втора линија на тунелот Караванке во Словенија, што е три и пол километри преку планината. Дополнителниот тунел се гради за да се олесни сообраќајниот метеж на автопатот кој го користат осум земји.

turci

Утку Гок, координатор за меѓународните проекти на компанијата, рече дека Cengiz успеал да го добие тендерот без локален партнер благодарение на извонредно обработените и презентирани технички информации, пренесува агенцијата Анадолија. “На странските компании им е многу тешко да победат на тендерите во Словенија, така што другите компании користеа локални партнери“, вели Гок.

Истакнувајќи дека компанијата што победила на тендерот во Австрија веќе почнала со работа, Гок рече: “Кога ќе почнеме ќе има разлика од 20 месеци. Мора да го завршиме проектот за пет години, но ќе го доставиме порано“.

Тој објасни дека проектот ќе се спроведе со тим од 250 луѓе, вклучувајќи 150 турски работници. Гок посочи дека 1.200 возила минуваат низ сегашната една тунелна цевка секој час, предизвикувајќи чести сообраќајни метежи.

“Ќе изградиме нова цевка до тековната, ќе направиме четири ленти, а ограничувањето на брзината ќе биде 100 километри на час“, заклучи Гок.

Еден коментар

  1. Борис Светиев

    Тунел по дефиниција поминува „низ“ нешто, а не „над“.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top