Насловна / Вести / Триглав Осигурување обезбеди City Tree за населба Аеродром

Триглав Осигурување обезбеди City Tree за населба Аеродром

Триглав Осигурување, во партнерство со Еко-свест, како изведувач, и Општина Аеродром, како примател на спонзорство, обезбеди City Tree инсталација за Скопје, која што придонесува кон ублажување на проблемите со загадувањето на воздухот во градот. Инсталацијата, која што се постави во населба Аеродром, претставува биолошки филтер, кој што го прочистува воздухот од штетни материи, како азотни и сулфурни оксиди, јаглерод диоксид и моноксид и ги отстранува тешките метали.

City Tree претставува иновативна структура од мов со моќ на прочистување на воздухот од штетните честички на прашина и други гасови. Таа е совршена комбинација од новата технологија и прочистувачката моќ на растенијата, што ја прави само-одржлива и долготрајна вертикална градина, пријатна за очите и корисна за сите. Го неутрализира загадувањето од 417 автомобили на годишно ниво и може да се адаптира на секоја животна средина. Има прочистувачки ефект како 275 дрвја и е извонреден начин за справување со климатските промени, бидејќи нуди разладување од 17°С во радиус од 5 метри поради природната функција на растенијата.

city tree1

city tree2

Испрати коментар

Scroll To Top