Насловна / Архитектура / Токарев ќе ја прими наградата за архитектура „Андреја Дамјанов“

Токарев ќе ја прими наградата за архитектура „Андреја Дамјанов“

Tokarev
Асоцијацијата на архитекти на Македонија вечер во црквата „Света Богородица“ во Скопје ќе ја додели наградата за животно дело и особени достигнувања од областа на архитектурата и градителството „Андреја Дамјанов“ за 2013 година.

Добитник на наградата, која се доделува за особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството, е архитектот Михаил Токарев, пензиониран  редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје.

– На наше задоволство, набројувањето на се она што го сработил Михаил  Токарев и она што го остава како трајно сведоштво од областа на архитектурата е огромно, така што во голем дел може да послужи како убав пример и патоказ, соопшти ААМ.

Испрати коментар

Scroll To Top