Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Термостат кој функционира преку мобилен телефон

Термостат кој функционира преку мобилен телефон

Паметниот термостат дело на францускиот дизајнер Филип Старк, може да ги следи активностите на станарите во одреден простор и според тоа да ја регулира температурата. Термостатот е дизајниран за компанијата Netatmo, која произведува уреди за мониторинг на метеоролошките услови.
termostat (2)

Овозможува регулација на температурата со помош на апликација на смарт телефон или таблет. Со синхронизација, редовно следење  и меморирање на активностите на станарите во објектот  температурата може да се регулира во секој момент.

termostat (4)

Може да се користи за сите видови греење – нафта, гас, дрва. Дури може и рачно да се контролира во случај корисникот да не поседува смарт телефон.

termostat (1)

Освен исклучителната корисност и можноста за остварување заштеди во потрошувачката на енергија, овој уред има и убав дизајн. Со него можете да ја контролирате температурата во домот, во секој момент и од кој било дел на светот.  Со следење на навиките и движењето на станарите, термостатот сам се адаптира на новата ситуација. Освен тоа, корисникот ја има на располагање и историјата на потрошувачката. Се проценува дека на овој начин може да се направат заштеди и до 25%.

termostat (3)

Извор: efikasnost.org

Испрати коментар

Scroll To Top