Новата лимитирана серија теписи од италијанскиот бренд Seletti е создадена во соработка со италијански фотограф, а секој модел изгледа како фотографија во голем формат што од галерискиот простор се сели директно во ентериерот.
Колекцијата е наречена MID-AIR 1986–1992 и е базирана на архивски фотографии на италијанскиот фотограф Џакомо Џанини (Giacomo Giannini), создадени за време на неговото истражување на италијанскиот пејзаж од воздух помеѓу 1985 и 1992 година.

Holiday at the Seaside #18
Од таа архива избрани се три фотографии кои, преку соработката на Џанини, Стефано Селети и галеристката Паола Сосио, преведени во формат на тепих.
Три сцени од италијанскиот пејзаж
Колекцијата се состои од три модели – Holiday at the Seaside #18, Basket и Sfasciacarrozze – и сите три се базираат на фотографии направени од воздух, што на реалните простори на нив им дава апстрактен карактер.

Holiday at the Seaside #18
Кај моделот Holiday at the Seaside #18, сцената на италијанска плажа се претвора во ритмичка композиција од бои и форми.
Basket прикажува празен кошаркарски терен, каде што линиите и трагите од користење стануваат главен графички мотив.
Sfasciacarrozze тргнува од сцена на авто-отпад, но го преведува хаосот од метал и бои во многу впечатлива композиција.

Basket

Sfasciacarrozze
Ограничена серија од 30 парчиња
Секој тепих е со димензии 280×200 сантиметри, направен е од полиестер и е достапен во ограничена серија од 30 нумерирани примероци. Цената на секој модел на веб-страницата на брендот Seletti е 2.500 евра.

Sfasciacarrozze
Теписите премиерно беа претставени во мај 2026 година на изложбата за фотографија The Phair во Торино, што дополнително ја нагласува нивната позиција помеѓу дизајнерски производ и уметничко дело.
Помеѓу хумор, уметност и дизајн
Во современите ентериери, особено оние што се стремат кон поперсонален израз, ваквите дела функционираат како уметничко дело, менувајќи ја атмосферата на просторот, а во исто време останувајќи дел од секојдневниот живот.

Basket
Seletti и претходно беше познат по предмети што го балансираат хумор, уметнос и дизајн, но оваа колекција оди во малку позрел правец.
Наместо ефектот на изненадување, фокусот овде е на соработката со уметникот и идејата дека фотографијата може да стане материјален дел од ентериерот.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија