Насловна / Вести / Темелна реконструкција на киното во Делчево

Темелна реконструкција на киното во Делчево

kino sala delcevo_2

Со средства обезбедени од Министерството за култура започнува темелната реконструкција на киносалата во Делчево, која е во состав на националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“.
Согласно проектот ќе биде извршена реконструкција и санација на покривната конструкција, на внатрешните простории на киносалата, а ќе биде обновена и фасадата. Исто така ќе се санира и помошната зграда која е во склоп на самиот објект.kino sala delcevo_1
Претходно во рамките на проектот на Владата на РМ и Министерството за култура за набавка на нова дигитална опрема за киносалите во повеќе градови во земјава, киното во Делчево доби и нов дигитален проектор, со што по подолг период се овозможи обновување на киноприкажувачката дејност во овој град.
Со реконструкцијата на објектот во кој е сместено киното, Делчево ќе добие нов современ простор кој во текот на целата година, освен за презентација на филмовите од богатата македонска и светска кинематографија, ќе се користи и за други културни настани, семинари, предавања, концерти и манифестации.
Темелната реконструкција на киносалата во Делчево ќе биде завршена до крајот на годинава.

Испрати коментар

Scroll To Top