Насловна / Вести / Темелна реконструкција на Домот на млади во Штип

Темелна реконструкција на Домот на млади во Штип

BenQ Corporation

За прв пат од изградбата во дваесеттите години од минатиот век, објектот на Стариот офицерски дом започна темелно да се реконструира. При крај се подготвителните работи, а за три месеци градот треба да добие модерен објект за развој на креативноста на младите.
Проектот кој Општина Штип и Швајцарската влада го реализираат за обнова на дотраениот култен објект во Штип се однесува само на реновирање на објектот и чини 4 милиони и 600 илјади денари од кои околу половина се грант на Швајцарската влада. Локалната самоуправа планира целосно уредување на дворната површина со сопствени средства.

Испрати коментар

Scroll To Top