Насловна / Вести / „Техникал текстајлс“ ќе гради своја фабрика во Штип

„Техникал текстајлс“ ќе гради своја фабрика во Штип

tehnikal tekstajls_2

Германската компанија „Техникал текстајлс“ ќе инвестира 12 милиони евра и за почеток ќе вработи 500 до 600 лица во фабриката што ќе се гради во ТИРЗ Штип.
Изградбата на фабриката од 9.000 метри квaдратни најверојатно ќе започне идниот месец, а ќе ја гради македонска компанија. Производството се планира да започне во мај следната година.

tehnikal tekstajls_1
Сопственикот Џенс Ванланд, на денешната прес конференција изјави дека за почеток ќе бидат вработени 500 до 600 лица кои веднаш, по изборот во октомври-ноември, ќе се испратат на обука во Словачка. Доколку фабриката работи добро, бројката ќе достигне преку 1.000.
Компанијата произведува изолациони материјали за градежната, автомобилската и авионската индустрија, но како што најавија и претходно, покрај овој ќе инвестираат и во друг бизнис.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top