Насловна / Вести / Техеран тоне поради интензивното исцрпување на подземните води

Техеран тоне поради интензивното исцрпување на подземните води

Во Техеран, главниот град на Иран, во кој живеат 15 милиони жители, неко квартови тонат и по 25 сантиметри годишно. Дури 10% од градскиот центар и селата северозападно од градот значително потонал во периодот од 2003 до 2017 година. Научниците објаснуваат дека причината за овие состојби треба да се бара во интензивното црпење на подземните води, како и нивното намалување поради суши, изградбата на брани и зголемувањето на бројот на жители. Таков тренд е присутен од 2000 година, а врнешите не успеваат да ги обноват залихите на подземните води. Илегалните бунари се сериозен проблем, па затоа владата покренала акција за нивно затворање. Досега се затворени 100.000 илегални бунари, а се проценува дека има уште најмалку 30.000. Спуштањето на тлото предизвикува и проблеми со оштетувања на сообраќајниците, а ако трендот продолжи, би можело да настанат оштетувања и кај гасоводите, нафтводите и електроенергетската мрежа.

teheran1

Teheran2

teheran3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top