Насловна / Архитектура / Театарот „Евримен“ во Ливерпул – добитник на престижната Стерлингова награда за 2014

Театарот „Евримен“ во Ливерпул – добитник на престижната Стерлингова награда за 2014

sterlingova nagrada 2014_2

Театарот „Евримен“ во Ливерпул (Everyman Theatre Liverpool) на Хауворт Томпкинс (Haworth Tompkins) е добитникот на престижната Стерлингова награда (2014 RIBA Stirling Prize) за архитектура за 2014 година на Кралскиот институт на британските архитекти (RIBA).
Театарот „Евримен“ e лоциран на локација со богата историја во една од најважните улици на градот. На ова место се наоѓал и стариот театар, којшто бил изграден кога црквичката-капела изградена во XIX век била адаптирана во театар.sterlingova nagrada 2014_1
Новиот театар, со бруто површина од 4.300 квадратни метри и градежна вредност од 16 милиони евра, е развиен на полунивоа и вклучува технолошки напреден и високо адаптaбилен аудиториум со 400 седишта, којшто доследно ја отсликува формата на својот претходник, помал простор за претстави, просторија за проби, зелена соба, фоаје, кафетерија и бар, канцеларија и придружни простори.
Претседателот на Riba, Stephen Hodder, по повод изборот на победникот изјави дека театарот „Евримен“ е „нов исклучителен објект“.
За овој објект и останатите објекти што биле предложени во најтесниот избор за престижната Стерлингова награда за 2014 година, читателите на печатеното издание на „Порта 3“ можеа со подетални и квалитетни информации да се запознаат во бројот 223.

Испрати коментар

Scroll To Top