Насловна / Вести / Тартан патека од рециклирани гуми во Зрењанин

Тартан патека од рециклирани гуми во Зрењанин

avtomobilski gumi-stari
Кон крајот на јануари, градот Зрењанин во соработка со Канцеларијата за млади и невладините организации, организираше акција за собирање на автомобилски гуми со цел правење на нова атлетска патека во Караѓорѓевиот парк.

stara guma podgotvena za obrabotka
Претставниците на Канцеларијата за млади на градот изјавија дека еден дел од собраните гуми ќе биде рециклиран и ќе биде направен тартан за патеката, додека парите од продажба на останатиот дел ќе бидат искористени за реализација на проектот.

stavanje tartan pateka
Досега се собрани околу 20 тони гуми во соработка со вулканизерите од Зрењанин, а проектот го поддржуваат и Министерството за земјоделство и заштита на животната средина, како и Министерството за млади и спорт.

tartan pateka
Со овој проект ќе се подигне свеста на граѓаните за рециклирањето и заштитата на животната средина, а се планира проектот да се прошири и на останатите градови во Србија.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top