Насловна / Арт и дизајн / Тадао Андо создаде своја столица од соништата

Тадао Андо создаде своја столица од соништата

тадао андо столици_1

Познатиот јапонски архитект Тадао Андо го „замени“ бетонот со дрво, за да создаде своја идеална столица! Наречена Dream Chair, оваа столица претставува резултат на соработката на Carl Hansen & Søn и јапонскиот архитект во која ги истражувале многуте својства на дрвените конструкции.

Според мислењето на дизајнерите, за да се добие идеална форма доволно е еден природен материјал само да се свитка. Архитектот познат по своите минималистички бетонски конструкции размислува на сличен начин и затоа го избрал дрвото за да создаде своја столица од соништата.тадао андо столици_2

Рамката со дебелина од 10 милиметри и база чија дебелина варира помеѓу 10 и 27 милиметри, биле направени од обработена иверица, која била изложена на притисок од пареа на температура од 120 Целзиусови степени од 50 минути. Задачата била да се направи доволно широка и вдлабната иверица за да се задоволат желбите на архитектот. „На крајот малку сме го приспособиле дизајнот, и ги пречекоривме границите на вообичаените својства на овој материјал”, изјавиле од архитектонското студио. „Како резултат добивме нешто што нема конкуренција на пазарот“.

Испрати коментар

Scroll To Top