Насловна / Архитектура / Отворена Интернационалната летна школа за архитектура и дизајн во Охрид

Отворена Интернационалната летна школа за архитектура и дизајн во Охрид

слика-1

Во Центарот за култура во Охрид свечено беше отворена Интернационалната школа за архитектура и дизајн, што веќе трета година се одржува во организација на Универзитетот „Американ колеџ Скопје“ – Факултет за дизајн и архитектура.

Летната школа оваа година е насловена „Behaviorlogy in Ohrid“, а нејзини главни раководители се основачите на познатото архитектонско студио „BowWow“, архитектите Јошикару Цукамото и Момојо Каијима.

Специјални гости на работлницата ќе бидат архитектите од хрватското архитектонско студио „Penezić & Rogina“, архитектите Винко Пенезиќ и Крешимир Рогина. Дел од овогодишното издание на летната школа ќе заземат вкупно 25 студенти од Македонија, Србија, Албанија и Јапонија.

слика-

 

Испрати коментар

Scroll To Top