Насловна / Вести / Светски ден на велосипедот

Светски ден на велосипедот

Генералното собрание на ООН во април 2018 година, го прогласи 3 јуни за Светски ден на велосипедот. Целта е да се посвети внимание на велосипедите во стратегиите за развој и нивно вклучување во меѓународните, регионалните, националните и локалните развојни политики и програми.

velo
Резолуцијата ги потенцира придобивките на велосипедот како едноставен, сигурен, достапен, чист и еколошки одржлив начин на транспорт и го препознава велосипедот како средство за развој, поттикнувајќи ја креативноста и социјалното вклучување за обезбедување пристап до образование, здравје и спорт.
Во 2020 година, обележана со пандемија на коронавирус, велосипедот, како и во случај на претходни различни природни непогоди и економски кризи, уште еднаш покажа колку е прилагодлив и ефикасно средство за превоз и мора да биде неопходен дел од транспортните политики на иднината.
Како и да е, денес означете го Светскиот ден на велосипедот со тоа што ќе го користите како средство за превоз до работното место, продавница и применете добра навика за велосипедизам во што е можно повеќе денови во годината.

 

Испрати коментар

Scroll To Top