Насловна / Вести / Светот слабо напредува во областа на енергетската ефикасност

Светот слабо напредува во областа на енергетската ефикасност

„Глобалната стапка на напредок во областа на енергетската ефиксност е забавена, а таквиот тренд има големи последици за потрошувчите, бизнисот и животната средина“, се наведува во новиот извештај на Меѓународната агенција за енергија (IEA) за енергетската ефикасност во 2019 година. Имено, глобалниот интензитет на примарната енергија – важен индикатор за тоа колку светското стопанство троши енергија, е подобрен за само 1,2% во 2018 година, што е најбавна стапка од почетокот на деценијава. Стапката на напредок се намалува веќе трета година по ред, и е значително под границата од 3% за која IEA анализата покажува дека е клучна за постигнување на глобалните климатски и енергетски цели.

„Можеме да ја подобриме енергетската ефикасност за 3% годишно, со едноставно користење на постоечките технологии и исплатливи вложувања. Нема оправдување за неактивноста: треба да се воведат амбициозни политики кои би поттикнале вложувања и би овозможиле воведување на потребните технологии за работа на глобално ниво“, вели Фатих Бирол извршниот директор на IEA.

EEIEA1

EEIEA2

EEIEA3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top