Насловна / Вести / Субвенции од 300.000 евра за „Паркови“

Субвенции од 300.000 евра за „Паркови“

parkovi i zelenilo

Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ доби субвенции од буџетот на Град Скопје во износ од 15 милиони денари (240.000 евра) за покривање на тековните загуби, како и 2,6 милиона денари (42.000 евра) за покривање на трошоците за градскиот пајтон, одлучи вчера Советот на Град Скопје.
– Со субвенцијата „Паркови и зеленило“ треба да ги надомести трошоците настанати при тешкотиите во работењето што произлегуваат од достасани обврски кон доставувачите, како и трошоците во врска со одржувањето на пајтонот и на ДОЕЛ „Луна“, субјект што е формиран од ЈП „Паркови и зеленило“ – се вели во образложението на одлуката.
Пет од шесте градски претпријатија минатата година ја завршија со позитивно салдо, само „Паркови“ заврши со минус од 432.000 евра.

Испрати коментар

Scroll To Top