Насловна / Вести / Студентската архитектонска визија СТАВ со изложба и во Охрид, vol.3

Студентската архитектонска визија СТАВ со изложба и во Охрид, vol.3

stav

Студентската архитектонска визија СТАВ, на големо задоволство на љубителите на архитектурата, по успешното претставување во Скопје и Прилеп, ја донесоа изложбата на нивните дипломски трудови и во Охрид. Поставката на изложбата беше свечено отворена во неделата, 27 јули во 21 часот, во изложбениот простор на НУ Центар за култура „Григор Прличев“, каде ќе остане до 1 август а потоа ќе излезе од галериските простори и ќе биде пренесена во двете охридски кафетерии „Ликвид“ и „Шила“, каде до 10 август пошироката јавност ќе може да ги погледне проектите во една поопуштена атмосфера.

2 tekst

Охрид навистина во следниот период ќе има став и ќе може да дише со една поинаква визија за архитектурата. Од СТАВ за Порта 3, истакнуваат дека на оваа изложба ќе можат да се погледнат 50 дипломски проекти на генерацијата архитекти 2006 година, како последна генерација по стара програма на Архитектонскиот факултет, се организираат на своја иницијатива  да ги покажат пред јавноста своите зрели ставови за архитектурата. Охридската јавност и туристите имаа можност да ги видат размислувањата на младите архитекти-дипломци за опсежни теми како сценарија за обнова и ревитализација на македонските напуштени села, нови градски центри, хотели, облакодери…Шаренило на теми, различни индивидуални пристапи, опсежно обработени и графички добро поставени.

4 tekst
СТАВ за Порта3, истакнаа:  „Настанот е креиран со цел да ја повикаме јавноста на нашата изложба, да ги споделиме нашите визии и погледи кон архитектурата, да размениме убава енергија и секако да научиме нешто од целото ова искуство, со оглед на тоа што сме на самиот почеток од нашите кариери. Архитектурата кај нас моментално доживува своевидна криза но тоа само повеќе не мотивира да направиме се што е во наша моќ и да придонесеме кон подигнување на нивото на професијата. Позитивни, неуморни и ведри ве каниме на изложба на која ќе ги презентираме своите првенчиња, дипломските трудови, кои ќе бидат веројатно единствените проекти работени без инвеститор, искрени и од срце!“

3 tekst

После караванската прошетка на проектите низ охридските кафетерии, изложбата на СТАВ го продолжува патувањето за Струмица.

Испрати коментар

Scroll To Top