Насловна / Вести / Студентска конференција за енергетска ефикасност на ФЕИТ

Студентска конференција за енергетска ефикасност на ФЕИТ

skeeor1

Околу 40 трудови поврзани со енергетската ефикасност и одржливиот развој ќе се презентираат на третата студентска конференција „ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ – СКЕЕОР 2015“, која започна вчера на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.
Професорката Маргарита Гиновска од ФЕИТ, координатор на конференцијата, објасни дека сè повеќе се зголемува бројот на пријавени трудови на оваа конференција, но и нивниот квалитет.

skeeor poster

Според деканот на ФЕИТ, Миле Станковски, кој ја отвори конференцијата, Факултетот комплетно посветува внимание на енергетиката како област.
„ФЕИТ докажува дека ги има најдобрите студенти кои знаат и умеат да организираат меѓународна конференција на високо ниво. Ова значи дека тие ќе бидат и добри стручњнаци во областа, чиј напредок е енормно голем. Тоа се огледа во сè поголемиот интерес кај студентите за енергетиката, поголемиот број запишани студенти на Факултетот и од интересот за организирање ваков тип конференции, кои се можност за учење и размена на искуства меѓу студентите, но и со сите останати релевантни чинители“, рече Станковски.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top