Насловна / Вести / Студенти, аплицирајте за „Bauhaus Lab 2015“!

Студенти, аплицирајте за „Bauhaus Lab 2015“!

баухаус

Фондацијата Bauhaus Dessau до 31 март 2015 година прифаќа апликациони писма за претстојната „Bauhaus Lab 2015“. Програмата е на меѓународно ниво и се однесува на студенти на постипломски студии по архитектура, уметност, потоа куратори и дизајнери. Вкупно ќе бидат примени осум апликанти, а конечната листа ќе биде објавена на 4 април.

Оваа година работилницата е предводена од Regina Bittner и ќе трае од 4 мај до 9 август. Фокусот ќе биде ставен на археолошките објекти и нивната обнова преку материјализација и вклучување на луѓето во тој процес. Сето ова ќе генерира дијалог во врска со фондацијата на модернизмот и современите методи за одржување на идеологијата на чистотата, униформноста и ефиксноста. Дополнителни истражувања ќе се вршат во врска со човекот, објектот и околината, фокусирајќи се на архитектурата и нејзиното влијание. Работилницата ќе заврши со крајна изложба на целокупната работа.

За повеќе информации посетете ја страницата www.bauhaus-dessau.de

Испрати коментар

Scroll To Top