Насловна / Вести / Стружани и денеска на протест заради дивата депонија

Стружани и денеска на протест заради дивата депонија

Граѓаните на Струга и денеска повторно ќе излезат на протест, на кој, како што велат, уште погласно ќе го кренат својот глас за правото на чист воздух и ќе побараат одговорност од надлежните и решение на проблемот со струшката дива депонија.

Денешниот протест е закажан за 18 часот во струшката чаршија.protesttruga

Од Граѓанската иницијатива „Доста“ наведуваат дека бараат конечен „Крај на депонијата“, откако деновиве ескалираше проблемот со загадувањето.

За депонијата, која со децении е хроничен проблем на  стружани, и натаму се „препукуваат“ СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Тие меѓусебно се обвинуваат, и едните и другите бараат трајно решавање и дислокација. Депонијата во Струга гори уште од велигденските празници.

По протестите на граѓаните и невладините организации властите почнаа со  санацијата, а кои ќе бидат следните мерки, дополнително ќе се одлучува.

Испрати коментар

Scroll To Top