Градежниот факултет Скопјe потпиша Меморандум за соработка со STRABAG, со што дополнително ја унапредува посветеноста кон значајни соработки помеѓу високото образование и професионалната пракса. Со склучувањето на овој договор се воспоставува платформа за:
- споделување техничко знаење и професионална експертиза
- развивање заеднички истражувачки и иновативни проекти
- организирање предавања, работилници и специјализирани настани
- обезбедување пракса и обука за студентите
Во ерата кога градежништвото се преобликува со дигитална трансформација, од клучно значење е одржливоста и зелената транзиција која бара блиска соработка и тесното усогласување помеѓу академијата и индустријата. Преку ова партнерство, Градежен факултет – Скопје ги проширува можностите за своите студенти да се вклучат во проекти од реалниот свет, современи технологии, практични предизвици и со релевантно применето искуство.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија