Европската Комисија објави четиринеделен повик за доставување на мислења за правилата на ЕУ кои се однесуваат на енергетската ефикасност за широк спектар на производи. Целта е да се соберат информации од производителите, трговците, надзорните тела и потрошувачи, кои ќе и помогнат на Комисијата во подготовка на предлогот за поедноставување на актуелното законодавство.

Во фокусот се постоечките правила, посебно Рамковната уредба за енергетско означување (EU/2017/1369) и Уредбата за означување на пневматици (EU/2020/740). Комисијата сака да ги намали администратвните трошоци за компаниите и да го олесни почитувањето на правилата, а истовремено да ја зачува ефикасноста на законодавството и рамката која неодамна е воспоставена со Уредбата за екодизајн на одржливи производи (EU/2024/1781). Повикот завршува на 12.03.2026 година.
Комисијата посебно бара предлози за тоа како да се направи поедноставна и поефикасна проверката на усогласеноста. Според последните податоци, во просек 83% од потрошувачите на ЕУ ја проверува енергетската ознака при купување на производи, што покажува високо ниво на доверба во означувањето. Комисијата сака да ја задржи таа доверба и кога ќе се поедностават правилата.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија