Насловна / Архитектура / Меморијалниот споменик ET-302 во Етиопија е простор на „сеќавање, исцелување и отпорност“

Меморијалниот споменик ET-302 во Етиопија е простор на „сеќавање, исцелување и отпорност“

Alebel Desta Consulting Architects and Engineers се проектанти на Меморијалниот споменик и парк ET-302 во Етиопија, радијален распоред на патеки и градини посветени на 157-те жртви од несреќата на летот 302 на Ethiopian Airlines.

Сместен на местото на несреќата во близина на Адис Абеба, паркот е резултат на меѓународен конкурс финансиран од засегнатите страни, вклучувајќи ги Boeing и Ethiopian Airlinesи, а развиен во соработка со членови на семејствата на жртвите.

Alebel Desta Consulting Architects and Engineers со седиште во Адис Абеба имале за цел да создадат простор што ќе „носи сеќавање“, пружајќи мешавина од скулптури за колективно и осамено размисување обединети со уредени патеки.

„Во срцето на Споменикот ET-302 беше идејата за создавање простор за колективно сеќавање, исцелување и отпорност“, велат од бирото за Dezeen.

„Не стануваше збор само за изградба на споменик, туку за обликување на патување кое им овозможува на семејствата и заедниците да размислуваат и да ја процесираат загубата. Сакавме архитектурата да го носи сеќавањто не само преку формата и материјалот, туку и преку атмосферата и намерата“, додаваат.

Паркот е организиран како радијална низа од асфалтирани патеки распоредени околу централен споменик од црвено пигментиран бетон, до кој се пристапува преку влезот од југозапад преку пешачка патека што ја симболизира последната рута на летот.

Централниот споменик е составен од четири одвоени сегменти, а секој симболизира еден од четирите континенти од кои потекнуваат жртвите – Африка, Европа, Северна Америка и Азија – и е поделен со тесни патеки што се среќаваат во централен заштитен простор.

Во секој од овие сегменти поставени се плочи за секоја жртва моделирани како рамни прозорци, како и подигната кабина за осамено реазмислување, каде што бронзените плочи се испишани со индивидуални приказни.

„Палетата на материјалите е длабоко под влијание на природниот и културниот пејзаж на Етиопија. Земјините тонови на долината Рифт ги баравме како основна референца“, велат архитектите за Dezeen.

„Сакавме материјалите да делуваат познато, но сепак монументално, црпејќи сила од земјата, а воедно зборувајќи и за сеќавањето и за континуитетот“,додаваат.

Западно од овој централен простор се наоѓа затворен круг наречен Гробишта, кој намерно е празен и е заштитен со метална ограда околу својот раб.

На исток се наоѓа Споменикот на исцелувањето, скулптурално парче од кортен челик кое е со дупки што дозволуваат светлината да помине низ него, што архитектите го опишуваат како „симбол на патувањето од тага до исцелување“.

„Ситеј простори имаат посебен емоционален квалитет – некои се отворени и јавни, други тивки и лични“, велат од бирото: „Пејзажот поврзува сè, водејќи ги посетителите преку низа простори што одразуваат различни фази на тага, сеќавање и отпорност“.

На надворешниот раб на кружната рута на паркот се наоѓа амфитеатар за поголеми комеморации и мала камена градина направена од локални камења.

Покрај влезот во меморијалот, содржини и објекти, вклучувајќи простор за рецепција и паркинг, „дискретно се вткаени во пејзажот“, заштитени со настрешница од кортен челик обликувана да реферира на самиот споменик.

Испрати коментар

Scroll To Top