Насловна / Вести / Стопирана изградбата на аква парк во Улцињ

Стопирана изградбата на аква парк во Улцињ

akva-park-ulcinj grafika-plani-harta
Турската компанија „Полин“ се откажа од изградба на аква парк во Улцињ, поради проблеми околу сопственоста на дел од земјата, па проектот е ставен во мирување. Дека за инвестицијата вредна околу 7,2 милиони евра тековната година е дефинитивно изгубена, во разговор за подгоричка „Побједа“ потврди и Сахрет Хајдарпашиќ, директор на ќерката-фирма на „Полин“ во Црна Гора.

– Имавме намера целата работа од испитување на земјиштето, преку изградба на проектот, па до завршната монтажа на целиот комплекс, да ја завршиме заклучно со 1 јули, – наведе тој, потсетувајќи дека кон крајот на 2014 година е потпишан договор со овластените претставници на улцињската општина за закуп на дел од земјиштето на 30 години.

Испрати коментар

Scroll To Top