Насловна / Арт и дизајн / Статуа на девојче кое му пркоси на светот и времето

Статуа на девојче кое му пркоси на светот и времето

Светот пред два дена го прослави денот во кој се потсетуваме на историската борба на жените за еднакви права и можности. Statue Of Defiant Girl Installed In Front Of Iconic Wall Street Bull By Global Investment Firm

Иако светот како глобално општество генерално веќе постигна значителен напредок во однос на минатиот век, глобалната состојба се уште е далеку од совршена.fearless-girl1

Дека жените се уште не се во иста позиција како и мажите, сакале да истакнат и челниците на компанијата State Street Global Advisors, кои во соработка со маркетинг агенцијата McCann од Њујорк поставиле бронзена статуа на девојче во центарот на финансиската област. Авторка на делото е Kristen Visbal.

Девојчето стои во одлучна поза, храбро пркосувајќи му на светот и времето во коешто живее, притоа гледајќи директно во познатата скулптура Charging Bull, еден од најпознатите уметнички симболи на градот. Статуата наречена Fearless Girl, има за цел да предупреди на големата разлика во бројот на мажи и жени кои се на високи позиции во американските компании.fearless-girl

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top